По 11 месеци пауза: Се враќаат летовите Атина-Скопје

57

Грчката авиокомпанија Aegean Airlines соопшти дека по 11 месеци прекин поради пандемијата, од 15 февруари повторно ќе се вратат летовите меѓу Атина и Скопје.

Aegean Airlines ги претстави плановите за обнова на линиите со одредени земји од поранешна Југославија.

Превозникот планира да ги врати летовите меѓу Атина и Скопје во следните 10 денови, два пати неделно со авион од типот АТР42 со 48 седишта, преку својата регионална подружница Olympic Air, пренесе Еxyuaviation.

Летовите помеѓу двата главни градови на Грција и Северна Македонија беа суспендирани на почетокот на ковид пандемијата лани во март.

Влезот во Грција сѐ уште е забранет за најголем дел граѓани од земјите надвор од Европската Унија. Затворени се и трите патни гранични премини Богородица, Дојран и Меџитлија.

Грчките граѓани можат да влезат во Северна Македонија без никакви ограничувања.

Пред две недели, македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи потпиша во Атина повеќе билатерални договори.

“Очекувам дека во наредните месеци, како што ќе се олеснуваат мерките за заштита, ќе имаме зголемување на соработката помеѓу нашите две земји, во сите сектори, вклучувајќи ги и туризмот и инвестициите“, изјави Османи.

Фото: Facebook