Најстарата светска новинска агенција, Ројтерс за нова главна директорка ја назначи Алесандра Галони, која станува прва жена на таа позиција во 170-годишната историја на агенцијата.
Четириесет и седумгодишната Галони досега била една од уредниците на Ројтерс, а на должноста главен уредник го заменува Стефан Адлер кој на крајот на овој месец заминува во пензија.
Галони има големо искуство во следење на економија и политика, а пред да дојде во Ројтерс работела за Wall Street Journal.
За Ројтерс во овој момент работат 2.450 новинари.
Фото: Facebook