По 30 години Русија има помал економски пад во однос на светот

23

Русија за првпат од распадот на Советскиот сојуз забележи помал економски пад од светскиот просек, пренесуваат светските медиуми.

Според анализата на Високата економска школа во Русија, тамошната економија минатата година имала пад од ,31%, додека светската економија беше намалена за 3,5%. Во анализата се наведува дека руската економија за првпат по 30 години има помал пад во однос на глобалната економија.

“Русија првпат по Советскиот сојуз забележа поумерена рецесија во однос на глобалниот просек и покрај наглиот пад на цените на нафтата и глобалната криза“, се наведува во анализата.

Поради воведените санкции, руската економија имала пад од 2% во 2015 година, а светската економија се зголеми за 3,4%, додека во текот на економската криза во 2008 година, глобалната економија се намалила за 0,1%, а руската за 7,8%.

Пандемијата предизвикала пад на потрошувачката во руската економија, потешкотии во производните процеси, како и пад на извозот и намалување на цените на нафтата.

Фото: Pexels