По 30 години Турција добива фабрика за масло

61

rafineryФото: Pexels

По 30 години, Турција потвторно ќе добие фабрика за производство на масло, пишува турскиот Hurriyet dailynews. Според најавеното, објектот ќе започне да се гради во третиот квартал од 2018 година. Инвеститор ќе биде енергетската компанија SOCAR.

Инвестицијата што се предвидува дека ќе чини шест милијарди евра ќе помогне Турција да ја надмине потребата да увезува масло од други држави и ќе се снабдува само со домашно производство.

Фабриката што ќе биде сместена на турскиот брег на Егејското Море ќе има капацитет да преработува околу 10 милиони тони годишно од суровата нафта, а ќе произведува и околу 4,8 милиони тони дизел, авионско гориво, нафтен кокс, сулфур и течен нафтен гас.