По изјавата на Маск криптовалутите и денеска во зелено

77

Пазарот на криптовалути продолжи да расте во вредност и денеска, поттикнат од изјавата на Илон Маск.

Според сајтот Coindesk, најпознатата крипто валута во светот, биткоинот, порасна за 1,01% проценти во последните 24 часа и во моментов (10:30, петок) се тргува по цена од 32.466 долари.

Етереумот се тргува по 2.055 долари, а во последните 24 часа порасна за 2,25% (10:30, петок).

Илон Маск и компанијата Tesla се одговорни за овој тренд на зголемување на вредноста на крипто валутите. Како што најави, тие најверојатно повторно ќе започнат да прифаќаат биткоин како средство за плаќање, откако ќе биде објавена длабинска анализа за количината на обновливи извори на енергија што се користи за “копањето“.

Фото: Pixabay