По летот за никаде, следува и крстарење во истиот “правец“

33

Пандемијата ги “фрли“ во заборав сите патувања на далечни дестинации, па сега туристичките работници се обидуваат да ги оживеат на различни начини. Минатиот месец авиокомпанијата Qantas на своите клиенти им понуди “лет без дестинација“, а сега сличен таков чекор прави и Одборот за туризам на Сингапур.

Како што пренесува Fox News, одборот ангажирал компанија за управување со ризици, чија задача ќе биде план за крузерите во новонастанатите услови.

“Крузери до нигде“ претставуваат мали крстарења во меѓународни води што вообичаено траат една до две ноќи, а патниците се враќаат на истото пристаниште од каде што го почнале патувањето.

Според протоколите, се очекува операторите да добијат безбедносни сертификати, ако ги исполнуваат условите, а ќе мора да работат со 50% од своите капацитети.

Според американските закони, ваков вид на патувања се забранети во пристаништата во САД од 2016-та година.

Инаку, летовите до “никаде“ наидоа на критики од пошироката јавност поради негативното влијание врз животната средина.

Фото: Pixabay