По неколку дена раст етереумот денес во црвено

92

Пазарот на криптовалути ја зголеми својата вредност за 1,1 отсто во изминатите 24 часа, а сегашната вкупна вредност е 2,43 трилиони долари.

Биткоинот, најпознатата криптовалута во светот, заработи околу 1,2 проценти во последните 24 часа, а во моментов се тргува за 55.685 долари.

Етереумот денес е во “црвено“ по неколку дена раст. Во последните 24 часа загуби 0,8 проценти од вкупната вредност и утрово е проценет на 3.587 долари.