По нив се познава состојбата во индустријата, а сега се исфрлени три концерни од берза

66

Dow Jones  ги исклучи од својот индекс акциите на нафтениот гигант ExxonMobil, фармацевтскиот концерн Pfizer и производителот на оружје Raytheon. Индексот Dow Jones е познат како груб показател за состојбата на американските финансиски пазари, иако вклучува акции на само 30 компании и е пондериран според нивната цена, а не со пазарната капитализација.

ExxonMobil беше дел од Dow Jones од 1928 година, Pfizer 2004 година, а Raytheon од април годинава. На берзата се додадени Amgen, Salesforce и Honeywell.

Оваа промена ја одразува трансформацијата на американската економија во корист на технологијата – и моментумот на пазарот во таа насока, исто така. Не е тајна дека многу технолошки компании, вклучително и Amazon, Apple и Zoom напредуваат во текот на пандемијата.

Спротивно на тоа, нафтените компании се уништени од падот на цените, кои за кратко време за прв пат беа негативни, како и поради колапсот на побарувачката.

Фото: Pixabay