Електричната офанзива на Volkswagen оваа година ќе биде поддржана и со „оживувањето“ на најпопуларното мало електрично возило на групата. Volkswagen e-up! од минатата недела повторно е достапен, односно клиентите можат да се запишат во книгата за нарачки за него.
Volkswagen ги заклучи нарачките на крајот на 2020 година и престана да зема нови, за да може да ги испорача сите автомобили на клиентите минатата година. Па така, електричниот e-up! во 2021 година беше произведен и испорачан во 30.800 примероци и беше втор најпродаван електричен автомобил во Германија на годишно ниво – иако не можеше да се купи.
Сега кога и официјално се решени заостанатите нарачки, VW Group објави дека ги враќа е-up-ите! во активната понуда. Прво ќе се случи во Германија, а на крајот и на другите пазари низ Европа. На врвот на побарувачката, а во исто време со корона-кризата и недостигот на чипови, времето на чекање за овој мал градски електричен модел достигна 16 месеци.
Volkswagen e-up! се продава во само една верзија, Style Plus, која вклучува електричен мотор од 83 КС и опсег од 258 километри со едно полнење (според WLTP циклусот). Додатоци во овој пакет вклучуваат алуминиумски тркала од 15 инчи, кожен волан, CCS конектор за брзо полнење, систем за помош на возачот Lane Assist и клима уред.
Цената на овој модел во Германија е 26.895 евра, не сметајќи ги владините стимулации.











