По примерот на Германија, Хрватска ќе плаќа надомест за скратено работно време

161

Хрватското здружение на работодавачи и Владата водат интензивни преговори за новата програма за помош на економијата и зачувување на работни места откако ќе се искористат средства од постојниот пакет државни стимулации, а со цел компаниите да ја преживеат кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19.

Според весникот Jutarnji list, во тек се преговори за воведување државно финансирање за скратеното работно време, по примерот на германската програма за државен надомест за скратено работно време, Kurzarbeit, која се покажа како исклучително ефикасна во заштитата на пазарот на трудот за време на кризата во 2009 година.

Детали за новите мерки на хрватската Влада би можеле да бидат познати уште оваа недела, стои во написот.

Фото: Pixabay