Како германскиот пристап за работни места во време на криза може да биде пример за цел свет

176

Пристапот на Германија кон работните места во време на корона криза е пример за остатокот од светот како да се справи со економскиот пад предизвикан од пандемијата, рече шефот на Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Гај Рајдер, генерален директор на МОТ, за CNBC изјави дека држави како Германија, кои биле во можност да ја одржат вработеноста во глобалната финансиска криза од 2008 и 2009 година и да “овозможат континуитет на процесите и институциите“, излегоа од кризата многу побрзо.

Тој рече дека германската програма “Kurzarbeit, или скрaтеното работно време“, воведена за време на актуелната пандемија дала пример како да се справи со оваа економска криза.

Според овој германски систем, работниците се испраќаат дома или им се намалуваат работните часови, но добиваат околу две третини од платата која ја плаќа државата. Германија ја искористи оваа шема за време на минатата криза, кога околу 1,1 милиони луѓе беа погодени од намалената економска активност во 2009 година.

Иако, тоа ја чинеше германската влада окоу 10 милијарди евра, до крајот на таа година стапката на невработеност беше помала отколку во 2008 година.

“Германија од таа криза излезе многу добро и мислам дека тоа се лекции кои можат директно да се применат на она што сега го живееме“, рече Рајдер.

Фото:Pixabay