По шведските улици повози првиот камион со автономно возење во Европа, а му припаѓа на производителите „Einride“.
„Einride Pod“ е пуштен во магацинот на „Apotea“ во Морногава, што го означува првото комерцијално возење од ваков тип на Стариот континент.
Автономниот камион „Einride Pod“, инаку, веќе е на патиштата во Соединетите Американски Држави.
И покрај фактот што нема возач внатре, како и кај автономните такси возила, има оператори кои можат да ја преземат контролата над возилото и да ги контролираат карго операциите по потреба.
Камионот во движење користи многу радари и камери, од кои сите се споени со вештачка интелигенција за да се избегнат пречките на патот и да се почитуваат сообраќајните прописи.
„Einride Pod“ може да вози со брзина до 100 km/h, а носивоста му е 20.000 килограми. Со едно полнење овој камион може да помине околу 200 километри. Затоа, тој е идеален за пократки логистички операции.
Фото.Enride