По влегувањето во ЕУ, емигрирале преку 5.000 унгарски лекари

23

stethoscopeОд влегувањето во Европската унија, неколку илјади лекари специјалисти ја напуштиле Унгарија бегајќи од ниските плати и лошите услови за работа. Младите унгарски лекари заработуваат просечно 420 евра месечно, што е пет пати помалку за разлика од колегите во Германија, Велика Британија или скандинавските земји. Лекарските здруженија предупредуваат дека поради малите плати, се повеќе лекари примаат мито, пишува Seebiz.

“Системот е преплавен со мито и главниот лекар никогаш нема да му допушти на помладиот да оперира, затоа што не сака да ги изгуби парите што ги дава пациентот”, вели Иштван Егер, претседател на Здружението унгарски лекари.

Нема точни податоци за бројот на лекари што ја напуштиле земјата, но минатата година се поднесени 1.600 барања за издавање потврда што е потребна за работа во странство, што е пораст во однос на 1.400 барања колку што имало во 2011 година, според податоците на унгарската лекарска комора.

“Од влегувањето во ЕУ пред девет години, неколку илјади лекари специјалисти ја напуштија Унгарија. Се проценува дека бројката е околу 5.000”, вели Егер.

Преку две третини од барањата ги поднеле лекари помлади од 40 години.