Побарувачката на бакар ги руши сите рекорди

93

Глобалната побарувачка за бакар, важна компонента во производството на електрични возила (EV) и електроника за широка потрошувачка, ќе ја надмине понудата за повеќе од шест милиони тони до 2030 година, предвидува норвешката истражувачка и аналитичка компанија за енергетски прашања Rystad Energy.

Ваквиот дефицит на „црвениот метал“ може да има широки последици за енергетската транзиција бидејќи во електроиндустријата во моментов нема замена за бакарот, се предупредува во извештајот на компанијата и се додава дека се потребни значителни инвестиции во ископувањето на бакар за да се избегнат недостигот.

Побарувачката на бакар се предвидува да се зголеми за 16 отсто до крајот на оваа деценија на 25,5 милиони тони годишно, додека понудата се предвидува да опадне за 12 отсто во однос на 2021 година, пренесува порталот Oil Price.

Проценките засновани на тековните и проектираните проекти покажуваат дека испораките ќе достигнат 19,1 милиони тони годишно, што е многу под количината потребна за да се задоволи побарувачката.