Побарувачката за овој метал допрва ќе расте

158
Copper pipes

Пандемијата на коронавирус ќе го отвори патот на “ерата на бакарот“, според тврдењата на директорот за енергетика, клима и ресурси на Евроазиската група, Хенинг Глоистин. Владите ширум светот ја зголемуваат побарувачката за овој црвен метал.

Овој метал годинава трпи удар поради економската криза, но експертите велат дека неговото време допрва доаѓа.

Глоистин истакна дека пандемијата се очекува да ги забрза трендовите во инвестициите во животната средина и дигитализацијата поддржана од владата, најавувајќи го претстојниот пораст на побарувачката за бакар.

“Огромни ‘зелени’ и дигитални програми за стимулирање, особено во Азија и Европа, ќе создадат услови за зголемената побарувачка за бакар: електрични возила, мрежи од 5G и обновлива енергија бараат големи количини на црвен метал“, рече Глоистеин.

Побарувачката за бакар би можела да падне за дури 5% во 2020 година заради рецесијата предизвикана од пандемијата.

Фото: Pixabay