Побарувачката за швајцарски часовници расте – месечниот извоз е 2,1 милијарди долари

76

Извозот на швајцарски часовници се зголеми за 25% во февруари, пишува Bloomberg. Ова се случува благодарение на американскиот пазар, велат експертите. Имено американските купувачи се оние кои продолжуваат да го поттикнуваат закрепнувањето на побарувачката за скапи часовници, која значително се намали за време на пандемијата

Соединетите држави остануваат главен пазар со 15% од вкупниот извоз на швајцарски часовници. Само во февруари извозот во странство се зголеми за 33%. По нив следи Кина со 12%.

Вкупниот извоз се проценува на 2 милијарди франци или 2,1 милијарди долари, според Швајцарската федерација на индустријата за часовници.

Американските потрошувачи, кои заштедиле пари за време на пандемијата, се главниот двигател на закрепнувањето на пазарот, велат експертите. Според нивните прогнози, извозот во Америка дополнително ќе се зголеми во наредните месеци.

Во Соединетите Држави најмногу се зголеми продажбата на часовници по цени од над 3.000 швајцарски франци. Следни се оние кои чинат меѓу 500 и 3.000 франци. На трето место се „евтините“, кои се по цена од помалку од 500 франци.