Побавен раст на трошоците за труд во ЕУ

13

Побавен раст на платите го запре растот на трошоците за труд по час во Европската унија и во еврозоната во првото тримесечје од оваа година, покажуваат податоците на Eurostat.

На ниво на ЕУ, трошоците за труд по час во првото тримесечје од оваа година пораснаа за 1,7% во однос на истиот период лани. Во последното тримесечје од минатата година, трошоците се зголемени за 3,2%.

Најмногу пораснале трошоците за плата во сектори како што се уметност, рекреација и слободно време, но и сместување и услуги за послужување на храна за 8,3 и 6,1%.

Меѓу земји од ЕУ со најголем пораст на вкупните трошоци за труд по час има во Литванија и тоа за 12%, а потоа следи Словенија со 11%.

Најслаб раст на трошоците имаат Австрија и Белгија за 0,3 и 0,9%.

Фото: Freepik