Почеток на проектот за поддршка на квалитетот и ефикасноста на АВРМ

12

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, германскиот амбасадор Кристине Алтхаузер, раководителот на одделот за соработка на Делегацијата на ЕУ Мартин Клауке и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски денеска во Скопје ќе го најават почетокот на проектот Поддршка на Агенцијата за вработување во реализирање на мерки и услуги активни на пазарот на труд.

Целта на овој проект е да се подобри квалитетот, ефикасноста и ефектите од услугите и зајакнување на капацитетите на Агенцијата за вработување на Република Македонија, а во насока на намалување на стапката на невработеноста.

Проектот ќе трае до јуни 2016 година, и е финансиран од Европската унија во рамки на Оперативната програма за развој на човечки ресурси 2007-2013 (ИПА компонента IV).