Почетокот на НЛБ месецот на штедење означен со НЛБ Ден на тема штедење и спорт

56

nlb mesec na stedenje

Со НЛБ денот во НЛБ Тутунска банка традиционално по трет пат започнува месецот на штедење. НЛБ денот беше означен преку организација на централен настан во Дирекцијата на Банката и преку промотивни активности во сите експозитури на Банката.

На НЛБ денот учествуваа деца од различни основни училишта, за кои беше организирана посебна забавна и едукативна програма на тема штедење и спорт со претстава, квиз, делење подароци и цртање, како и дружење со познат македонски спортист кој беше гостин на настанот.

Во текот на НЛБ месецот на штедење во периодот од 25.09.2014 до 25.10.2014 ќе биде организирано собирање на цртежи на тема штедење и спорт. Сите клиенти ќе имаат можност да нацртаат цртеж на тема штедење и спорт. Цртежите ќе може самите да ги постават на посебна веб страна за таа намена: www.stedenje.nlbtb.com.mk или да ги донесат во било која експозитура на Банката.

По завршување на НЛБ месецот на штедење ќе биде организирана голема изложба на сите цртежи кои ќе бидат собрани во текот на кампањата. Најдобрите цртежи кои ќе добијат најголем број на гласови преку веб страната  www.stedenje.nlbtb.com.mk и оние кои ќе бидат избрани од страна на посебна комисија составена од реномирани македонски уметниции спортисти ќе бидат наградени со парична награда, како и тренинг и дружење со македонски спортисти.