Почина извршниот директор на Marriot

30

Арне Соренсон, човекот кој ја водеше трансформацијата на Marriott International во најголем светски синџир на хотели, почина на 62-годишна возраст, пренесува ВВС.

Соренсон беше првиот главен извршен директор на Marriott кој не е член на семејството, а застана на чело на групацијата во 2012 година.

Тој го водеше процесот на купување на Starwood Hotels & Resort во 2016 година, што вклучува бендови, како што е Westin, американски синџир на хотели.

Роден во Јапонија, Соренсон бил адвокат и почнал да соработува со Marriott во 1992 година пред да биде повикан да работи за брендот неколку години подоцна.

Marriott, којшто располага со над 7.500 недвижнини ширум светот и поседува 30 брендови, планира да назначи нов главен извршен директор во следните две недели.

Фото: Facebook