Почина Лери Флинт, могул во индустријата за забава на возрасни

49

Основачот на познатиот магазин за мажи, Hustler, Американецот Лери Флинт почина на 79-годишна возраст.

Повеќе од 50 години, Флинт бил едно од најголемите имиња во индустријата за забава на возрасни. Го основал магазинот во 1974 година, кој му донел голема слава и богатство, но и бројни проблеми со законот.

Дел од тие проблеми се екранизирани и прикажани во филмот Народот против Лери Флинт, кој е добитник на Оскар во 1996 година.

Овој порно могул во 1978-ма година бил застрелан од серискиот убиец Џозеф Пол Френкин, поради што останал парализиран и во инвалидска количка.

Се женел петпати, а на кратко се обидел и да се кандидира за претседател на Америка во 1984-та година и за гувернер на Калифорнија во 2003-та. Зад себе оставил пет ќерки и синови, како и бројни внуци и правнуци.

Богатството на Флинт се проценува на 500 милиони долари.

Фото: Twitter