Почина познатиот банкар Бенџамин Ротшилд

437

Бенџамин Ротшилд, банкар и претседател на групата Edmond de Rothschild Holding, почина од срцев удар на 57-годишна возраст.

Синот на Едмонд Ротшилд, човек кој до својата смрт важеше за најбогат член на ова моќно банкарско семејство, почина во Швајцарија.

Банкарот последните денови ги поминал во дворецот The Chateau de Pregny, познат како замок Ротшилд, близу Женевското езеро.

Имотот припаѓа на семејство од средината на 19 век. Бенџамин беше син на Едмонд и Надин и беше на чело на групата што ја формираше неговиот татко од 1997 година.

Вредноста на средствата со кои управува холдингот е 173 милијарди швајцарски франци.

Фото: Facebook