Почина Роберт Мундел, еден од творците на еврото

20

Економистот Роберт Мундел, познат како еден од творците на еврото, почина во Италија за време на велигденските празници на 88-годишна возраст.

Неговата смрт вчера ја потврди канцеларијата на градоначалникот во Монтериџиони, близу Сиена, Италија.

Овој град во Тоскана беше едно од живеалиштата на канадскиот научник, кој ја доби Нобеловата награда за економија во 1999 година за пионерска работа во монетарната динамика и оптималните валутни области.

Истражувачката работа на Мундел се смета за теоретска основа за транснационално воведување на валути. Многумина на тој начин го класифицираа меѓу “татковците на еврото”.

Роден во Канада на 24 октомври 1932 година, овој економист помина голем дел од својата академска кариера во САД. Предавал на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Неговите анализи за монетарната и фискалната политика сè уште имаат големо влијание врз економистите и политичарите во многу земји.

Фото: Facebook