Почина таткото на Бил Гејтс

89

Основачот на Microsoft, Бил Гејтс ја потврди веста дека неговиот татко Вилијам Хенри Гејтс постариот, починал на 95-годишна возраст. Таткото на еден од најбогатите луѓе во светот боледувал од Алцхајмерова болест.

“Мојот татко беше ‘вистинскиот’ Бил Гејтс. Тој беше сè што се обидував да бидам и ќе ми недостасува секој ден“, напиша Гејтс на Twitter.

Правните совети што ги добивал од татко му, биле клучни за Гејтс да го основа Microsoft заедно со Пол Ален, но тој има и големо влијание врз Хауард Шулц да го основа Starbucks.

Гејтс постариот дипломирал правни науки во 1964 година и учествувал во основање на правната компанија Preston Gates & Ellis. Исто така, бил претседател на адвокатската комора на Сиетл и Вашингтон, а водел и неколку организации, како што се United Way и Planned Parenthood.

Тој, исто така, бил главен иницијатор за основање на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.

Фото: Twitter