Почина творецот на слоганот Just do it

87

Човекот кој стои зад познатиот слоган на Најк – Just Do It, почина на 82 -годишна возраст. Дејвид Кенеди, ко-основач на Wieden+Kennedy со седиште во Портланд, го смисли слоганот заедно со партнерот Ден Виден за првата голема телевизиска кампања на Најк во 1988 година.

Нивната идеја дојде од последните зборови на осудениот убиец Гери Гилмор, кој имал направено низа криминални дејствија вклучувајќи и убиство и се соочувал со смртна казна. Го прашале дали има последни зборови, а тој само едноставно одговорил ‘Let’s do it’. Но во едно интервју Дејвид изјави дека ја измениле малку бидејќи поубаво му звучело да биде “Јust Do It”. И не згрешил. Го направил најдобриот слоган на сите времиња. Според него колку поедноставно толку подобро.

Од отворањето на агенцијата во 1982 година, таа порасна на осум канцеларии во Портланд, Њујорк, Амстердам, Токио, Лондон, Шангај, Делхи и Сао Паоло и сега има 1.400 вработени. Претседателот на Wieden+Kennedy, Том Блесингтон, го нарече Кенеди икона. Кенеди се пензионираше во 1995 година на 54-годишна возраст, но продолжи да работи со скратено работно време во кампањи до неговата смрт.