Почна бербата на вранецот во Тиквешко

19

Во Тиквешкиот регион вчера почна бербата на најзастапената црна сорта грозје вранец. Откупот се одвива на повеќе пунктови на винарските визби, јавува Миа.

Според претседателот на Регионалниот сојуз на лозарите Агротиквешија, Љупчо Аризанов, годинава се очекуваат над 180 милиони килограми винско грозје или над 250 милиони, вклучувајќи го и трпезното грозје.

Наскоро се очекува да почне и бербата на најзастапената бела винска сорта – смедеревка.