Почна бесплатното чистење на 100 оџаци во Скопје

43

Кандидатите коишто ја посетуваат обуката за оџачари во средното училиште ГУЦ Здравко Цветковски, деновиве излегоа на терен и го почнаа бесплатно чистење на 100 оџаци на граѓаните што се пријавија на повикот на Градот Скопје.

Обуката што ја организира Градот Скопје во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија ја посетуваат 10 кандидати, ќе трае три месеци, а за времетраењето на обуката секој учесник ќе добива надомест од по 9.000 денари месечно.

По завршувањето, секој од кандидатите, покрај сертификат, ќе добие основни материјали за отворање сопствен бизнис и извесно  вработување имајќи предвид дека чистењето на оџаците ќе биде субвенционирано од Градот.

Засега во Скопје има само 8 регистрирани оџачари, а 45% од вкупниот број домаќинства во Скопје се греат на дрва, што е една третина од уделот во вкупното загадување на воздухот во градот, а општо е познато дека неисчистен оџак загадува најмалку двојно повеќе во споредба со исчистен оџак.