Почна со работа фабриката за производство на инфлатори за воздушни перничиња

209

Во Технолошко индустриската развојна зона во Бунарџик Скопје 1 денеска почна со работа фабриката за производство на инфлатори за воздушни перничиња Арц Аутомотив Македонија, инвестиција на американската компанија Кап Кон во износ од 18 милиони евра, пишува Миа.

Во новата фабрика веќе се отворени 75 работни места, а вкупно инвеститорот планира 400 вработувања.

Компанијата ќе биде извозно ориентирана, а производите примарно ќе бидат наменети за европскиот пазар.

Главниот извршен директор на Кап Кон, Али Алхаџ, информира дека досега во изградбата на капацитетот се инвестирани 12 милиони евра во машини и опрема.

“Фабриката во Македонија ќе биде нашиот централен фокус на европскиот пазар. Инсталацијата на високософистицирани производни линии во комбинација со талентираниот локален персонал ќе ни овозможи да произведуваме само најквалитетни производи кои ќе бидат испорачувани до нашите потрошувачи“, рече Алхаџ.