Почна вакцинацијата во Македонија

17

Дoктор Добринка Наунова Јовановска и главната сестра Габриела Темелковска од Инфективната клиника први ја примија вакцината против КОВИД-19, информираше министерот за здравство, Венко Филипче.

“Со нив, го почнавме процесот на имунизација во земјава. Тие се медицински лица со значајно искуство и огромен придонес во борбата против вирусот. Им се заблагодарувам за пожртвуваноста во целиот изминат период грижејќи се неуморно за нашите пациенти, деца, роднини и пријатели. Во знак на почит, вакцинацијата ја почнуваме токму со здравствените работници од ковид центрите. Ги заштитуваме затоа што се во првите борбени линии и ни се потребни во работата! Д-р Добринка и главната сестра Габриела се чувствуваат добро и упатија порака дека ова е единствениот начин за да ставиме крај на пандемијата“, напиша Филипче на Facebook.

Фото: Facebook