Почнува БанкЕкспо 2013, саем на банки и штедилници

22

Вториот дводневен саем на банки и штедилници БанкЕкспо 2013, во организација на Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, почнува денес во Скопје.

БанкЕкспо 2013 ќе се одржи денес и утре во хотелот Александар Палас, од девет до 18 часот, каде што посетителите ќе имаат можност да се запознаат со услугите на банките и штедилниците.

Во рамки на саемот, утре ќе се одржи Регионален форум на кој министри за финансии и гувернери од регионот ќе дискутираат за причините за пораст на нефункционалните кредити и начините како да се подобри состојбата. Присуството на форумот го потврдиле претставници од Словенија, Косово, Хрватска, Црна Гора, Албанија и Турција, а покани биле упатени и до други земји од регионот.

Саемот се одржува во пресрет на 31 октомври – Светскиот ден на штедењето.