Почнува изградбата на најголемиот подморски тунел во светот (Видео)

195

Почнува изградбата на најголемиот подморски тунел, кој од 2029 година ќе ја поврзува Данска со Германија.

Тунелот Fehmarnbelt ќе биде долг 18 километри и ќе го скрати патувањето меѓу двете земји за 130 километри.

Преминот ќе се состои од делови од тунелот кои ќе бидат потопени во Балтичкото Море, односно нема да има дупчење под морското дно. Врската меѓу германскиот остров Фемарн и данскиот остров Лоланд ќе биде најдолгиот комбиниран патен и железнички тунел во светот.

Овие два острова сега се поврзани со траект или обиколен пат (тоа се споменатите 130 км). Кога ќе заврши тунелот, патувањето со воз од Копенхаген до Хамбург ќе трае два и пол часа, наместо сегашните четири и пол часа.

Поминувањето на тунелот ќе трае 7 минути со воз и 10 минути со автомобил. На неговата изградба ќе работат околу 3.000 луѓе. Буџетот е околу 7 милијарди евра.

Подготвителните работи започнаа во 2020 година на данската страна и во 2021 година на германска страна. Неодамна започна копањето на ровот.

Самата изградба на тунелот ќе започне оваа година. За делови од тунелот е потребно количество челик што одговара на количината потребна за изградба на педесет Ајфелови кули, пишува Travel+Leisure.

Тунелот треба да биде завршен во 2029 година.

Фото:Facebook