Почнува изградбата на рударскиот комплекс во Казандол

20

Компанијата Сардич МЦ, денеска почнува со изградба на рударски комплекс во Казандол, Валандово. Ова е англиска инвестиција и проценета е на 35 милиони евра. Во првите седум години се очекуваат приходи од близу 135 милиони евра или околу 20 милиони евра годишно, јавува Миа.

Се очекува производството на првите бакарни катоди да почне за една година. Производството ќе биде пласирано на европскиот пазар.

На Казандол се потврдени резерви од 33 милиони тони рудна количина. Капацитетот на рудникот е 4.000 катоден бакар.