Почнува KosICT 2014, најголемата ИТ конференција на Косово

28

kos

Во Приштина денеска и утре, 31 октомври и 1 ноември, се одржува најголемата ИТ конференција на Косово, KosICT 2014, во чии рамки ќе се одржи и #PrishtinaFTW во организација на USAID – REG Project.
​​#PrishtinaFTW е дводневен настан за претприемништво, инвестиции и старт – ап бизниси, на кој ќе се одржат предавања, работилници и панел дискусии од страна на бројни регионални и европски успешни луѓе од бизнисот.

Денешниот ден, Ден на инвеститори (#PrishtinaFTW Investor Day), ќе биде посветен на најдобрите практики на бизнис ангелите и venture инвеститорите, на практичните искуства од акцелераторите и инкубаторите.

Утрешниот ден (1 ноември) е ден посветен на претприемништвото (#PrishtinaFTW Entrepreneurship Day). Со присутните своето искуство ќе го споделат бројни претприемачи, инвеститори, менаџери преку предавање и панели. Ќе се одржи и краток натпревар и ќе се избере старт-ап кој најдобро ќе се претстави.