Почнува котација на државни обврзници вредни 300 милиони денари

37

По поднесено барање за котација од страна на Министерството за финансии, почнувајќи од 12.08.2019 година, на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација и ќе започне тргувањето со државни обврзници со вкупна номинална вредност од 300.000.000 денари, соопштуваат од Македонска берза.

Обврзниците се издадени во денари, со годишна исплата на камата, додека главнината се исплаќа на денот на достасувањето.

Фото: Pixabay