Во организација на здружението на граѓани ТеРа од Гевгелија по шести пат ќе се одржи манифестацијата на традиционално готвење слатко од зрели смокви Смоквијада 2012.
Манифестацијата ќе биде составена од два дела – натпреварувачки и саемски дел. Во натпреварувачкиот дел ќе учествуваат 12 екипи, а годинава воведени се две нови категории: најдобар производ од смокви и најдобар десерт подготвен од професионални готвачи.
Во саемскиот дел најавено е учество на ограноци на Слоу Фуд од Македонија, како и претставници со локални еколошки производи од Турција, Србија и Бугарија. Свој изложбен простор ќе имаат и преработувачките капацитети на овошје и зеленчук од Гевгелија.