Почнува проектот за заштита на Дојранското Езеро

41

dojran Со еколошкиот тренинг камп што почнува денеска, а ќе трае се до 18 јануари, започнува проектот Едукација и јакнење на капацитетите за заштита на Дојранското Езеро, приоритетно подрачје за биолошка разновидност.

Проектот има за цел создавање на локална група за зачувување на биолошката разновидност на Дојранското Езеро преку јакнење на локалните капацитети и нивно вмрежување.

Учесници во кампот ќе бидат средношколци од Струмица, Валандово, Богданци и Гевгелија, како и претставници од ловните и риболновните друштва од Дојран. Обуката ќе ја спроведат искусни еколози од Македонското еколошко друштво. Кампот ќе опфати практична и теоретска обука за еколошки мониторинг. Учесниците ќе имаат прилика практично да користат техники и методи за еколошки истражувања и да посетуваат обуки за раководење со проекти.
Дојранското Езеро е едно од приоритетните клучни подрачја за биолошка разновидност во Медитеранската жешка точка за биолошка разновидност, глобално значајно подрачје за птици и растително подрачје. Од 1977 година, ова езеро е заштитено како Споменик на природата, а во 2011 година управувањето со заштитеното подрачје е во надлежност на општина Дојран.
Проектот за заштита е финансиран од партнерскиот фонд за заштита на критичните екосистеми кој е заедничка иницијатива на Француската агенција за развој, Европската Унија, Глобалниот еколошки фонд, Владата на Јапонија, Фондацијата МекАртур и Светската Банка.