Почнува производството на специјалнo Bugatti од 8 милиони евра

73

Bugatti веќе лансираше неколку специјални верзии на Chiron, но ова е посебен модел.

И овој модел се базира на Chiron, бидејќи користи иста механичка основа и погон, но со значителни промени. Сепак, тоа е автомобил кој ја одбележува 110-годишнината на компанијата, но и голем пресврт во бизнисот создаден под нова групација со додавање на името Rimac.

За потсетување, Centodieci беше прикажан за прв пат во 2019 година на „Pebble Beach Concours d’Elegance“, а оттогаш Bugatti направи претпродукциска верзија која има поминато дури 50.000 тест километри, вклучително и тест на издржливост на патеката Нардо во Италија.

Токму на оваа патека долга 12,6 километри и ова Bugatti се обиде да вози со максимални 380 км/ч.

Според Bugatti, тестот Centodieci поминувал 1.200 тест километри дневно, а запирал само кога била потребна замена на возачот, ревизија и технички преглед на возилото.

Од компанијата се свесни дека ретко се случува автомобил да вози со „цела“ брзина, но нивната филозофија е дека таквите работи мора детално да се испитаат пред да се започне со сериско производство.

Сосема логично, особено ако се земе предвид дека секој купувач на овој автомобил ќе плати најмалку осум милиони евра.

Сосема логично, особено ако се земе предвид дека секој купувач на овој автомобил ќе плати најмалку осум милиони евра.

Достигнува 100 км/ч за само 2,4 секунди.