Почнува сеидбата во северозападна Украина

152

Регионот Ривне во северозападна Украина почна со сеидбата на пролетни култури и планира да засее 420.000 хектари и да ги поддржи регионите каде жетвата би можела да биде погодена од војната со Русија, изјави гувернерот Виталиј Ковал.

Во регионот Ривне, во близина на границата со Белорусија, започна сеидбата на пролетна пченица, овес и шеќерна репка, а планирана е сеидба и на други пролетни житарки, сончогледи и соја на големи површини, наведе Ковал во соопштението објавено на социјалните мрежи.

„Ривне е денес во позадина (на војната) и регионите кои ќе бидат погодени од потезите на окупаторот, сметаат на нас. Важно е да се обезбеди идната жетва“, потенцира Ковал.