Почнува со работа Деловно – технолошки акцелератор

32

Отворен е Деловно – технолошки акцелератор за млади  претприемачи и иноватори, во рамки на Научно – технолошкиот парк, сместен во кампусот на техничките факултети во Скопје, стои во соопштението.

“Ми претставува огромно задоволство што ја посетувам вашата земја да поразговараме за напредокот во спроведувањето  на Дигиталната агенда за Западен Балкан и да оцениме заедно со Министрите од шесте Земји на Западен Балкан, како да ја забрзаме работата за да имаме конкретни резултати за нашите граѓани. Јас верувам дека регионот може да стане успешна приказна во областа на дигитализација во Европа“, изјави еврокомесарката за дигитална економија и општество Мариа Габриел.

“Во инвестициската фаза се планираат почетни инвестиции до 25.000 евра по компанија и до 75.000 евра во втората инвестициска фаза за стартапите со потенцијал за брз раст“, рече директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, додавајќи дека се планираат седум до 12 инвестиции во првата и две до пет инвестиции во втората фаза, проект кој во сите фази ќе чини 80 милиони евра.