Почнува со работа фабрика за кроасани во Илинден

91

Во Индустриската зона во Илинден, денеска ќе почне со работа фабриката за кроасани Гранд Експорт Скопје, пишува Миа.

Гранд Експорт Скопје е дистрибутерска компанија присутна на домашниот пазар 24 години, која сега отвора нова фабрика за производство на кроасани.

Се работи за приватна домашна инвестиција во висина од 6,5 милиони евра. Фабриката е изградена на простор од шест илјади метри квадратни и во неа е имплементирана најсовремена опрема и технологија.

Со отворањето на фабриката вкупниот број на вработувања во компанијата ќе достигне 200 лица.