Почнува со работа новата развојна банка на BRICKS

48

brics

Новата банка за развој, којашто ја основаа земјите членки на BRICS, започна со работа во Шангај, пишува BBC.

Зад основањето на оваа банка стојат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, познати под заедничкото име BRICS.

Целта на оваа банка ќе биде финансирање на инфраструктурни проекти во земјите членки на BRICKS, како и во земјите во развој. Се очекува банката да биде една од најголемите мултилатерални развојни институции со капитал од 100 милијарди долари.

Банката е алтернатива на Светска банка и на Меѓународниот монетарен фонд, иако од BRICS велат дека Развојната банка не претставува ривал на овие глобални финансиски институции.

“Нашата цел не е да го промениме постоечкиот систем, туку да се подобри и дополни системот на наш начин“, изјави претседателот на Новата развојна банка, Кундапур Ваман Камат.