Во швајцарскиот скијачки центар Давос денеска почнува Светскиот економски форум на кој ќе се соберат светските лидери и бизнисмени.
На форумот ќе присуствуваат скоро 50 претседатели и премиери од целиот свет, како и преку 1.000 претседатели на управни одбори и извршни директори на светски компании.
Четворицата европски лидери, рускиот премиер Дмитриј Медведев, британскиот премиер Дејвид Камерон, германскиот канцелар Ангела Меркел и италијанскиот премиер Марио Монти ќе имаат свое обраќање на тема економско заздравување.
На Форумот ќе учествуваат и генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун, претседателот на Светската банка Џим Јон Ким, генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард, претседателот на Европската централна банка Марио Драги, основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс.
Основачот на Светскиот економски форум, Густав Шваб, овој настан го нарече “лабораторија за нови идеи” за унапредување на светот.
На Форумот во Давос, кој ќе трае до 27 јануари, ќе се разговара за кризата во еврозоната и за иднината на Европската унија.