Под какви услови се отвораат грчките плажи

73

Грчките плажи и угостителските објекти во нив ќе бидат отворени на 15-ти мај, соопштија грчките власти.

Генералниот секретар за трговија и заштита на потрошувачите, Панагиотис Стамбулидис рекол дека за вработените ќе важат мерките одржување дистанца и носење маски, пренесува Катимерини.

Тој рекол дека на угостителските објекти ќе им биде забрането да пуштаат музика, што важи и за баровите и рестораните што во Грција се отвораат на трети мај. Таа мерка е воведена бидејќи експертите проценуваат дека гласната музика ги принудува луѓето да зборуваат погласно, што доведува до ширење на капки низ воздухот и намалување на дистанцата меѓу соговорниците.

Фото: Pexels