Под нож за убавина – оваа дејност ќе вреди 67 милијарди долари

48

Пластичната или естетска хирургија, освен што се користи за решавање на одредени проблеми, често пати се користи и за разубавување.

Проценките се дека до 2026 година, овој сегмент да вреди околу 67 милијарди долари. Тоа е доказ дека коронакризата не ја допре оваа дејност, туку напротив им дава прилика на повеќе жени, но и мажи, да се разубават бидејќи не можат да ги трошат парите на други работи поради пандемијата.

Се претпоставува дека глобалниот пазар на пластична хирургија за седум години ќе се зголеми за околу 10%.

Фото: Freepik