Под очекувањата -Тесла испорача 343.000 возила во третиот квартал од 2022 година

49

Иако Tesla испорача 343.000 електрични возила во третиот квартал, што е рекорден резултат, тоа е помалку од очекувањата на аналитичарите.

Тие процениле дека треба да се продадат 364.660 парчиња, пренесува CNBC. Минатата година во ова време, компанијата на Илон Маск имаше продажба од 241.300 автомобили.

Во третиот квартал, Tesla произведе 365.000 автомобили. Во претходниот квартал беа произведени 258.580 возила.