Под прагот на сиромаштија живеат 455.100 лица

24

Во текот на минатата година, вкупно 455.100 лица живееле под прагот на сиромаштијата, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во 2017 година, под овој праг биле 460.300 лица, додека во 2016 година бројката достигна 453.200 лица.

Стапката на сиромашни лица во земјава, во 2018 година, изнесуваше 21,9%.

Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштијата на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2018 година е 22%. Според најфреквентниот статус на економската активност, стапката на сиромашни вработени лица е 8,8%, додека стапката на сиромашни пензионери е 7,9%. Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 31,9%.

Фото: Pexels