Подарок картичка: Услуга на e – pay Македонија

38

e pay macedonia

е – pay Македонија нуди услуга за испраќање на Подарок картичка, стои во соопштението.

“Ваквата услуга која ја нуди е-pay Македонија (www.e-pay.mk) може да ви помогне да испратите парични средства во Македонија, а тоа да биде едноставно, брзо и со крајно мали провизии. Иако средствата кои може да се префрлат не треба да се поголеми од 60.000 денари по трансакција (според законите во Република Македонија), брзината и едноставноста на трансферот е навистина привилегија за корисниците, нешто што не е возможно преку некој друг сличен сервис“, стои во соопштението.

Подарок картичка може да се испрати од било кој уред, компјутер, таблет или мобилен телефон, а тоа што треба да се направи е на веб страната https://e-pay.mk/ да се избере дизајн на подарок картичката (бидејќи парите се на располагање на картичка), потоа да ја одберете сумата која што сакате да ја испратите, и на крај да ги внесете вашите податоци и податоците за лицето на кое што му ја испраќате Подарок картичката.

Лицето за кое е наменета Подарок картичката, добива известување по мејл и СМС порака, со сите информации за картичката која што ја добива (број на трансакција, сума, име и презиме и држава на лицето кое му ја испраќа) со тие информации, наредниот работен ден после 12 часот, може да појде во било која експозитура на Еуростандард Банка и со приложување на документ за лична идентификација (лична карта или пасош) да си ја подигне Подарок картичката. После подигнувањето на картичката, лицето може од било кој АТМ (Банкомат) на Еуростандард Банка да ја подигне сумата во готово без никаква дополнителна провизија, или да ја користи картичката низ продажните места во Македонија.

e-Pay Македонија, е проект на ИГАЛ Гроуп – ДОО Скопје, во соработка со Еуростандард Банка – Македонија.