Поддршка за 400 невработени лица да отворат сопствен бизнис

22

Поддршка од државата ќе добијат 400 невработени лица, кои од утре ќе можат да аплицираат на огласот за грант во вредност од 3.000 евра.

“Ова е одлична можност да добијат поддршка и да се самовработат, да развијат сопствен бизнис кој ќе придонесе и во развојот на македонската економија и во отворање нови работни места“, рече денеска министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Покрај грантот од 3.000 евра во форма на опрема и репроматеријали, учесниците во програмата за самовработување добиваат и обука за претприемништво, ескпертска поддршка за развивање на својата бизнис идеја во одржлив бизнис план и советодавна поддршка при регистрацијата на бизнисот.