Подгорица добива такси со Tesla електрични возила

30

Во црногорскиот главен град до крајот на неделата почнува со работа првата такси служба со автомобили на електричен погон, пишува Investitor.me.

Зад оваа услуга, којашто вклучува превоз со Tesla возила, стои Venn tour на турскиот бизнисмен Ахмет Авчи.

Шест возила на Tesla од типот Model 3 ќе бидат ставени на располагање на жителите на Подгорица. Такси услугата со овие возила ќе биде достапна само преку апликацијата TeslaGo.

Фото: Facebook