Подготовка на законска рамка за регулирање на инвестициите на бизнис ангелите во Македонија

40

Во подготовка е законска рамка со којашто ќе се регулираат инвестициите на бизнис ангелите во Македонија, со цел компаниите да ги искористат бенефините, пишува Миа.

Ова, меѓу другото, го истакнал вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски во рамки на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели (WBAF – World Business Angels Investment Forum) во Истанбул, Република Турција.

Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели е во организација на Глобалната мрежа на бизнис ангели, во соработка со Европската трговска асоцијација за пазарни инвестиции на компании во рана фаза на развој и бизнис ангели (EBAN), МЕНА мрежата на бизнис ангели (MBAN), Африканската мрежа на бизнис ангели (ABAN) и Асоцијацијата на бизнис ангели во Турција (TBAA).

На форумот како говорници учествуваат стотина реномирани економски експерти и бизнисмени и на едно место се презентираат најдобрите искуства и практики од јавниот и приватниот сектор за полесно обезбедување на финансиски средства на малите и средните компании, кои се двигател на економските во земјите.